Изјавата на американскиот претседател Џо Бајден, кој во вчерашниот говор во Варшава рече дека рускиот претседател Владимир Путин не може да остане на власт, предизвика остри критики од ветеранот на американската дипломатија Ричард Хас, пренесува Би-Би-Си.
Изјавата на Бајден ја направи тешката ситуација уште потешка, а опасната уште поопасна, напиша Хас на Твитер. Хас е претседател на американскиот Совет за надворешни односи.
– Очигледно е. Она што е помалку очигледно е како да се поништи направената штета. Предлагам главните соработници на претседателот да контактираат со нивните колеги во Русија и да им дадат до знаење дека Америка е подготвена да преговара со оваа руска влада, напиша Хаас.
Хас ја коментираше и интервенцијата на Белата куќа, која веднаш по говорот на Бајден во Варшава рече дека претседателот не повикал на промена на режимот во Москва.
– Реакцијата на Белата куќа на изјавата на претседателот за промена на режимот веројатно нема да помине. Путин ќе го гледа на изјавата како потврда на она во што верувал цело време. Лош пропуст што носи зголемен ризик од проширување на опсегот и времетраењето на војната, напиша Хас.