Американскиот државен секретар Мајк Помпео допатува денеска во главниот град на Саудиска Арабија, Ријад на состанок со саудискиот крал Салман во врска со исчезнувањето на новинарот Џамал Кашоги.

Претседателот на САД Доналд Трамп го испрати Помпео да се сретне со саудискиот крал.

Кашоги, колумнист на „Вашингтон Пост“ исчезна откако пред две недели влезе во саудскиот конзулат во Истанбул за да добие документи потребни за венчавање.

Би-Би-Си наведува дека по посетата на Ријад, Помпео ја посети Турција каде што Кашоги последен пат беше виден во конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул на 2 октомври.

Кралот Салман во понеделникот нареди истрага за овој случај.