Поранешниот американски амбасадор во Скопје, Филип Рекер, испратил извештај од 5 ноември 2008 година, насловен како „Македонија: Поранешниот претседател Глигоров повика на храбро лидерство и решение за името”, објави Викиликс.
Во извештајот се наведува дека „Глигоров е за компромис за прашањето за името, но „црвената линија” е да се обезбеди дека јазикот и идентитетот да се нарекуваат „македонски”.
Во извештајот на Рикер, според Викиликс, се вели дека Глигоров изразил разочараност поради недостигот на храбро политичко водство на актуелната влада, недостаток што тој го смета за основен за затворање на договорот за името.
Тој смета дека со ефикасно раководство Македонците можат да прифатат компромис за името, нагласувајќи дека црвените линии се само епитет што ќе го опише јазикот и идентитетот, нагласува Рикер во извештајот.
„Глигоров, исто така, рече дека Македонија мора да сфати дека не е центар на политичкиот универзум за САД, ЕУ и НАТО и мора да ги препознае границите на волјата на другите држави и организации за решавање на проблемите на земјата“.
За потсетување: Киро Глигоров беше претседател на Република Македонија во два мандати и имаше десет години за „храбро лидерство“. А во 2008 година, неколку години пред неговата смрт, беше поранешен претседател на Република Македонија.
Но, денес, во функција на референдумот за договорот со Грција за преименување на Република Македонија, ете, се става и покојниот Глигоров.