Во Рим се воведени казни до 500 евра за фрлање ракавици и заштитни маски на улица, според наредбата потпишана од градоначалничката на главниот град на Италија, Вирџинија Раџи.
Таа го нарече фрлањето користени раквици и маски за лице на улица „срамно однесување“ кое ќе биде „строго казнено“.
Италија е една од најтешко погодените земји од Ковид-19, каде што повеќе од 32.000 луѓе починаа како резултат на вирусот.