Ристо Лузевски е македонски мултимилионер, човек познат како сопственик на брендот „Промедика“ кој функционира во неколку сектори, пишува денеска Лидер, по петочното објавување на аферата за доделување на тендер од 7 милиони евра на неговата Промедика, иако било утврдено дека Комисијата за заштита на конкуренцијата пронашла дека дека две компании, изигрувајќи го системот, ги подигале цените на продуктите на тендерите со што во изминатите години се стекнувале со милионски профити. Како што истакнува Лидер, еден од секторите во кој работи „Промедика“ и добива најголем дел од парите е токму увозот на лекови и медицинска опрема во државава, лекови кои подоцна преку тендери завршуваат во јавното здравство.
Во изминатиот период, познато е дека Лузевски преку Промедика добива тендери кои вредат десетици милиони евра, а познат е и по своите конекции во банкарскиот сектор тврди порталот.
Документот од КЗК, до кој стигна Лидер го потврдува ова, но од институцијата одбиваат да ја соопштат висината на казната која ја добила Промедика. Во исто време, трди порталот, извори од Обвинителството ги брифирале дека и кај нив била отворена постапка, но поради политички притисок случајот се чува во фиока.
Неофицијално дознаваме, веи Лидер, дека за ова дело, компанијата на Лузевски од КЗК била казнета само со 0,2% од годишниот обрт, а ЈО нема намера да отвори кривична постапка.
Па, наместо кривична одговорност за изигрувањето на системот, Лузевски добива уште поголеми пари од истиот систем! Покрај тоа што министерот Венко Филипче бил запознаен за оваа милионска малверзација, тој на Промедика и Ристо Лузевски им дал уште поголеми државни пари.
Се работи за рамковна спогодба која вреди неверојатни 480.129.480 денари (7,8 милиони евра) за Биолошка активна терапија, молекуларна таргет терапија и монокланални антитела.
Датумот на договорот е 14.08,2019, што е цели четири месеци по детектирањето на криминалот на Промедика од страна на КЗК.
За многу помали пропусти од оваа, компании добивале негативни референци и им се забранувало да учествуваат на државни тендери а камоли да прават вакви милионски рамковни спогодби, заклучува Лидер.