Собранието на Македонија денеска треба да ја одржи 34 седница, на чиј дневен ред се 67 точки.

Пратениците, меѓу другото, ќе расправаат за Предлог законот за дополнување на Законот за средното образование, по скратена постапка, за предлог измените на законите за оружјето, за прекршоците против јавниот ред и мир, за патните исправи на државјаните на РС Македонија, за безбедност на сообраќајот на патиштата, на Законот за здравствената заштита,…

Како последна 67 точка е Информацијата за нацрт Концепција за основно образование.

Во законодавниот дом денеска ќе заседаваат и две собраниски комисии.

Членовите на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците треба да ги разгледааат  годишните извештаи за работата на Државната комисија за спречување на корупцијата, на Судскиот совет  на Македонија, на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер, на Инспекцискиот совет и на Агенцијата за администрација за 2019 година, како и Национална стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2021-2025.

Комисија за труд и социјална политика, пак, ќе расправа за Предлог законот за изменување на Законот за социјалната заштита, во прво читање.