Јавната обвинителка од бившото СЈО, Ленче Ристоска, објави на Фејсбук дека од нивниот семеен двор во тетовското село Лешок ноќеска им биле украдени две кучиња од расата хаски, кои морало да се лекуваат поради нивната лоша здравствена состојба.
Кучињата се чипирани, така што таа апелира до сите ветеринари на кои ќе им се донесат слепи хаски на преглед да ги проверат чиповите.
– Ноќеска од нашиот двор во село Лешок некој ни ги украл Астра и Зоне, две слепи хаски со шеќерна болест. Не верувам дека тој што ги украл знае за нивната здравствена состојба, која ако не се третира може да е има фатални последици. Кучињата се ослабени од болеста и лесно препознатливи. Ова е мој прв јавен пост и всушност е апел кој има каква било информација да не исконтактира бидејќи сме загрижени и вознемирени. Нема да покренуваме никакви постапки против лицата кои ги имаат украдено, само да ни се вратат. Кутрињата се чипирани, така што апел до сите ветеринари на кои ќе им се донесат слепи хаски на преглед да ги проверат чиповите. Она што за некој можеби е играчка за нас е дел од семејството! Астра и Зоне се дел од нашето семејство 8 години и со ваша помош се надевам дека ќе успееме да ги вратиме и дека ќе се дел од нашето семејство уште многу години, објави Ристоска на Фејсбук.