Откако косовската пејачка Дуа Липа објави карта со голема Албанија, а како одговор на тоа беше објавена карта на историска Македонија од македонски уметници, сега се појави и карта на Големо Вевчани.

– Дуа Липа е барат голема Албанија, Некст тајм е барет голема Македонија, Преслава е побара Санстефанска Бугарија… дајте да се опјаниме и мие, Перо Бели да го побарат Големо Вевчани и да изгиниме, објави на Фејсбук Ранко Србакоски.

Тој со шеговитиот коментарт објави и карта на голема Република Вевчани.