Москва не гледа волја кај Вашингтон за продолжување на дијалогот за стратешка стабилност, изјави денеска рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков.
– Морам да ви кажам дека во моментот немаме никаква потврда од Вашингтон дека се подготвени за продолжување на таквиот дијалог. Поднесовме неколку предлози за можните датуми. Во суштина, подготвени сме да покажеме флексибилност и се надеваме дека нашите колеги конечно ќе го кажат својот пристап за тоа во каков формат и кога би требало да се сретнеме, посочи Рјабков.
Тој додаде дека не е неопходно да се одржи состанок на кој ќе се појават големи делегации и разни претставници на министерствата.
– Би можеле да одржиме помал формален состанок со помали делегации. Секако, подготвени сме за тоа и очекуваме одговор, наведе Рјабков.