Грчкиот премиер Алексис Ципрас ги остварува последните телефонски консултации пред конелно денес попладне да ја соопшти реконструкцијата на Владата, во која се очекуива да влезат само две нови имиња – по едно од десницата и од левицата, кои би требало да имаат заменичлки функции.

Според „Ефемерида“, Ципрас ќе ги задржи министрите на клучните ресори: Еуклид Цакалатос, Панос Каменос, Никос Коѕијас, Гиоргиос Статакис и Коста Гавроглу.

Како нови имиња се спомнуваат, оносно ресорси кои ќе бидат рекоснтруирани, се  Катерина Папакоста и Олга Геровасилис.

Грчки аналитичари оценуваат дека реконструкцијата која ја спроведува Ципрас е негов тактички потег за да ја зацврсти коалициската сила со партијата на Каменос, Слободни Грци (Анел) и да ја ослаби опозициската Нова демократија на Киријакос Мицотакис.

По оваа реконструкција Ципрас, се смета, ќе може покомотно да се подгтовува за изборите (и парламентарни и за европски пратенции), а дури и да распише референдум за договорт за името постигнат со македонскиот премиер Зоран Заев.