РК Вардар денеска на социјалните мрежи сподели видео-запис од натпреварот против Нант во Лигата на шампиони, кој воедно беше прв за македонскиот првак на домашен терен во ова натпреварување.

За атмосферата во СЦ „Јане Сандански“ и натаму се зборува, а од таборот на „црвено-црните“ не заборавија да се заблагодарат.

По натпреварот, Вардар на своите социјални мрежи објави видео со атмосферата од трибините и им се заблагодари на сите кои присуствуваа на натпреварот со стихови од песната „Долго доаѓање на огнот“ од великанот на македонската поезија Ацо Шопов.