Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за половина денар, а за толкав износ поевтинуваат дизелот и екстра лесното масло за домаќинство, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.
Литар ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава за 69 денари, а ЕУРОСУПЕР БС-98 за 71 денар. Новата цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 61 денар, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 50,50 денари за литар.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,110денари и килограм ќе чини 34,739 денари.
Намалувањето на малопродажните цени на нафтените деривати во просек изнесува 0,13 проценти.