Малопродажната цена на бензините се намалува од еден до 1,5 денари, а на дизелот за два денара, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Според одлуката, малопродажната цена на Еуродизел ќе изнесува 58 денари за литар, на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 66 денари за литар, Еуросупер БС 98 ќе се продава по 68,50 денари за литар и екстра лесното масло за домаќинство  по 47,50 денари

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за  1,473 денари и ќе изнесува 34,922 денари за килограм.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот седумдневен период бележат намалување кај бензинот во просек за околу 5,01 отсто или за 28,80 долари за тон, кај дизелот намалување во просек за околу 7,14 отсто или за 39,05 долари за тон, кај екстра лесното масло намалувањево просек за околу 7,43 отсто или за 40,05 долари за тон и кај мазутот намалување во просек за околу 6,18 отсто или за околу 27 долари затон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот седумдневен период изнесуваше 55,9 денари и е за 0,903  отстоповисок од курсот на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка.