Осум понеделници по ред расте цената на горивата, како што тоа се случува и денеска.
Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за еден денар по литар, а цената на дизелот се зголемува за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати за 0,6 отсто.
Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 82 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 84 денари, ЕУРОДИЗЕЛ БС (ДЕ-V) за 74, а цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и понатаму останува 73 денари за литар.
Со одлуката на РКЕ за 0,046 денари за килограм се намалува цената на Мазутот М-1 НС и сега ќе изнесува 46,491 денари.
Како причина за промена на цените на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат зголемените референтни цени на светскиот пазар во изминатите седум дена кај бензинот во просек за 3,904 отсто и кај дизелот за 2,74 отсто, како и за 1,804 отсто повисокиот курс на денарот во однос на доларот.