Во издание на издавачката куќа „Готен“ од Скопје, чиј основач и сопственик е Роберт Алаѓозовски, таканаречениот национален координатор за култура во Владата на Македонија, излезе од печат роман на околу 500 страници со наслов „Бежанци“ од бугарската писателка Весела Љахова, во кој на безочен, дрзок и безобразен начин се негира постоењето на Македонците и македонскиот народ.
Романот е објавен во превод токму на „националниот координатор“ за култура, кој и со тоа во потполност ја подржува политиката на Заев за уништување на македонскиот национален идентит, јазик и култура. Во предговорот на авторката, кој исто така е преведен од Алаѓозовски, меѓудругото стои дека „романот опишува реални историски настани од Драмското востание од 1941, дебугаризација на Егејска Македонија по Втората светска војна, трагичната судбина на бугарското малцинство во Грција до средината на ХХ век“, подвлекувајќи дека „бугарските жртви во истиот настан се осудени на заборав“.
Во продолжение на овој авторски предговор пишува дека „страдањето на илјадници Бугари заслужува да биде обмислено, усвоено и да се претвори од траума во историско и емоционално искуство“.
Понатаму, во предговорот во кој се негира македонскиот народ, кој авторката го посветува на бугарскиот народ во Егејска Македонија, стои дека тој треба да „посведочи за потомците на оние Бугари, кои пред децении преточитале да останат на своите родни огништа како граѓани на грчката држава“, но и „дека не се заборавени и дека преку нивните дедовци се дел од бугарската татковина“.
Колку за потсетување: Драмското востание е кренато на 29 септември 1941 година од стана на македонскиот и грчкиот народ против бугарската окупација.
Востание почнало ноќта помеѓу 28 и 29 септември 1941 година, под раководство на Окружниот комитет на Комунистичката партија на Грција за Драмско, со напад на партизанските единици од Просочен врз општината, полициската станица и касарната. Востанието се проширило во Доксат, Карликово, Чали, Силиндрук и во други места. Бугарските власти го задушиле востанието при што биле убиени околу 3000 души.
По неуспехот во Драма и при првите контрадејствија на бугарските сили, партизаните се повлекле во базите во Кушница и Чал даг за да се прегрупираат. Бугарските воени и полициски сили започнале со настапување и на 30 септември востаниците се повлекле од рамните области и борбите се фокусираат во северните области на Кавалско и Правишко.
Бугарските власти формираат три жандармериски групи, кои од 1 до 6 октомври започнале со чистење на регионот. Со помош на артилерија и авијација базите на востанниците во Кушница и Чал даг се уништени.
Последните остатоци на отпор се уништени до 5 ноември. Како резултат на востанието биле убиени околу 3000 лица од грчко-македонска страна и 211 од бугарската.
Според тоа, Драмското востание нема врска со Бугарите, односно Бугарите се од другата страна на барикадите. Притоа сосема е јасно на кои „потомци на оние Бугари, кои пред децении преточитале да останат на своите родни огништа како граѓани на грчката држава“ мисли авторката.
Во која друга држава може да се толерира како „национален координатор за култура“ човек кој превел и издал во своја издавачка куќа радикално антидржавни и антинационални ставови, освен во Северџанија на Заев?