Поранешниот секретар на НАТО, Џорџ Робертсон, денеска во Приштина изјави дека земјите од Европската унија мора да бидат подготвени „на каква било закана од Русија и нејзините сојузнички земји“.
Учествувајќи на Самитот за Западен Балкан што се одржа во Приштина, тој изјави дека опасноста од руско влијание постои, но, според него, таа не вклучува само воена закана и дека влијанието на Русија „исто така ги ослабува институциите на демократските земји“.
„Русија и нејзините сојузници како Кина, Иран, можат да користат техники за да ги ослабат нашите општества. Сајбер војната и мешањето во изборите продолжуваат да ги ослабуваат нашите демократски институции. Мораме да се разбудиме на фактот дека (рускиот претседател Владимир) Путин ако победи во Украина, можеме да очекуваме да видиме повеќе од ова во иднина“, рече Робертсон.
Фото: МИА архива