Ширењето на автоматизацијата ќе донесе одредени промени на пазрот на трудот, пред се со укинување на човекови позиции што ќе ги преземат роботи. Во блиска иднина се очекува голема побарувачка за сметководители, но се очекува и нив во еден момент да ги заменат компјутери, заклучок е на истражување на американскиот пазар за труд спроведено од Карир билдер.

Работа ќе има за наставници, компјутерска поддршка и за водоинсталатери.

Во САД се очекуваат во следните години уште 50.000 места за возачи на доставни возила, но постои веројатност нив да ги заменат автономни возила и дронови.

Голема побарувачка ќе има за градежни работници, медицински сестри и струки од финансискиот сектор. Меѓу слабо платените позиции, најлесно работа ќе најдат трговци, готвачи, негователи, работници за обезбедување и рецепционери во хотели.