Четиригодишно дете било примено во Ургентниот центар во Благоевград, полиено со бензин и запалено од сопствениот татко, објави бугарската национална телевизија БТВ.
Детето, како што пренесе ТВ Сител, има 80 отсто изгореници по телото и итно било пренесено, во придружба на мајка му, во болницата Пирогов.
Според зборовите на мајката, таа не живеела со таткото на детето. Таа во полиција рекла дека тој е виновен.
Инцидентот се случил нешто денеска попладнево.