Голем скандал се случи денес на натпревар од Детска лига и тоа на теренот во Сарај во Скопје.

Имено, на мечот меѓу Сарај и Фит Кид, генерација 2012 година, се случи тепачка меѓу родители.

На видеото кое го објави sportsport, се гледа како неколку возрасни лица, веројатно родители на дечињата се пресметуваат меѓу себе додека фудбалерчињата се чудат што се случува.