Во Кривичниот суд на продолжението на рочиштето за настаните од 27 април во Собранието на Република Македонија, кај роднина на еден од обвинетите судската полиција пронајде солзавец.
Судијката Добрила Кацарска веднаш нареди да ја отстранат од судницата Моника Спасовска Додовска, а исто така забрани да се појавува на наредните рочишта за овој предмет.