Украинците може да престанат да умираат уште утре, ако САД седнат на маса со Русија и склучат мир, вели коосновачот на Пинк Флојд и британска рок легенда, Роџер Вотерс во интервју за РT.

Вотерс рече дека Западот изгледа решен да се бори „до последниот Украинец“, бидејќи може да се заработи богатство од продажбата на оружје, додека американските елити сакаат да владеат со светот.

– Според мене, утре може да се прекине. Сè што е потребно е Американците да дојдат на маса и да кажат ОК, ајде да одиме со договорите од Минск и тогаш ќе биде готово, рече Вотерс.

Тој истакна дека актуелниот претседател на Украина, Володимир Зеленски, се кандидирал на платформата за придржување до договорите од Минск и ставање крај на граѓанската војна, што започна по нелегалниот пуч во Киев во 2014 година, и дека врз основа на тоа гласале 73 отсто од Украинците за него, „за да не мораа да имаат војна“.

Како што пренесува Спутник, тој рекол дека, сепак, „во моментот кога бил избран некој му ставил пиштол на глава, претпоставувам дека се предомислил и не направил ништо од тоа“.

На прашањето дали Западот сака конфликтот да заврши, Вотерс одговори „не, се разбира дека не“.

– Не, тие немаат интерес да го прекинат. Ќе се борат до последниот Украинец и ако сакаат да заврши, зошто не ставаат крај? Бидејќи тоа е во нивни раце, така било отсекогаш. Тоа е во рацете на НАТО, во рацете на Џо Бајден, а ако не е… кој и да му ги влече конците. Тие не сакаат да заврши затоа што треба да се направи огромно богатство, рече Вотерс, мислејќи на оружјето вредно милијарди долари што САД и земјите од НАТО го испраќаат во Киев.

Вотерс, отворен активист за човекови права со години, рече дека неговата платформа е дека „сите наши браќа и сестри, ширум светот, заслужуваат еднакви права без разлика на нивната етничка припадност, религија или националност“, како што е наведено во Универзалната декларација за човекови права.

Монтажата во која одредени политичари ги означува како „воени злосторници“, меѓу кои и американскиот претседател Џо Бајден, беше претставена на неговата нова концертна турнеја. Вотерс го бранеше тој избор во интервју за CNN минатата недела, кое привлече големо внимание на социјалните мрежи.