Роџер Федерер го елининираше Стен Вавринка во четвртфиналето на „Ролан Гарос“ по успехот со 7:6 (4), 4:6, 7:6 (5), 6:4.
Натпреварот меѓу Швајцарците требаше да биде прекинат околу час поради бура во Париз. Времето, сепак, дозволи да се доигра мечот, во кој Роџер успеа да го елиминира својот добар пријател.
Ова беше натпревар бр.26 помеѓу Федерер и Вавринка на сите турнири. Роџер има предност од 23 победи наспроти само 3 за Стен.
Во полуфинале ќе бидеме сведоци на тениското „Ел Класико“ помеѓу „Маестро“ и Рафаел Надал. „Кралот на земја“ се справи лесно со Кеј Нишикори – 6:1, 6:1, 6:3.