Шпанскиот тенисер Рафаел Надал потешко од очекуваното се пласира во четвртфиналето на неговиот омилен турнир Ролан Гарос каде чека „класик“ со големиот ривал Новак Ѓоковиќ.
Натпреварот беше исцрпувачки за еден од најдобрите играчи на земјена подлога затоа што траеше четири и пол часа. Сепак, во клучните моменти психолошката предност беше на страната на Рафа кој направи брејк кога беше најпотребно и го приведе дуелот во своја корист.
Оже -Алиасим со 6-3 го доби првиот сет, Надал возврати и следните два ги доби со 6-3 и 6-2. Канаѓанецот го доби четвртиот сет со 6-3 и се избори за петти решавачки, во него шпанскиот тениски ас беше подобар со 6-3 и го доби мечот со 3-2 во сетови.
Натпреварот меѓу Ѓоковиќ и Надал ќе се игра на 31 мај. Тоа е првиот четвртфинален пар кој е комплетиран на Ролан Гарос.