Романија не дозволи транспорт на руско оружје што се движеше преку Дунав во Србија поради санкциите наметнати од ЕУ за Русија во врска со ситуацијата во Украина, соопшти романското Министерство за надворешни работи.
Како што е наведено, за издавање транзитна дозвола за превоз на воен материјал, која може да се издаде само на романски оператор, мора да се исполнат неколку услови.
– Еден од условите е дека услугите на романскиот оператор, издадени врз основа на дозвола за транзит, не мора директно или индиректно да одговараат на интересите на физичко или правно лице, институции или организации од Руската Федерација, ниту да бидат наменети за користење во Русија, се наведува во соопштението и се додава дека овој услов не е исполнет – затоа лиценцата не била издадена.
Романската телевизија Диги 24 јави дека станува збор за 30 тенкови и 30 оклопни транспортери, кои се пратени во согласност со договорот помеѓу Србија и Русија.