Шефот на романската дипломатија, Богдан Ауреска, ја повика австриската амбасадорка во Букурешт, Аделхајде Фоли, за да и врачи протестна нота поради неправедниот и непријателски однос на Австрија во однос на приемот на Романија во Шенген.
Од Министерството посочија дека ваквиот гест на Австрија ќе има последици за билатералните односи.
Протест имаше и поради неодамнешните изјави на австрискиот канцелар Карл Нехамер, според кого, романските власти поради Шенген вршат притисок врз австриските компании во оваа земја.
– Тоа тврдење е неприфатливо, бидејќи не одговара на реалноста, наведуваат од романсмкото Министерство за надворешни работи.