Во Романија досега од грип починаа 99 лица, соопшти денеска Националниот институт за јавно здравје.
Како што е наведено во соопштението, последната жртва е 73-годишна жена од регионот на Прахова, северно од Букурешт, која починала вчера.
Потврдено е дека таа имала вирус од типот А Х1 и дека не била вакцинирана против грип.