Професијата свештеник е една од најбараните во Романија, според истражување објавејно во „Антена обсервер“.
Податоците говорат дека поп со средно образование заработува околу 4.000 леи (815 евра), а оној со високо образование – околу 5.000 леи (1.020 евра). Износот може да се зголемува зависно од акумулираниот стаж, па да достигне и десетици илјади леи месечно, за повисоките позиции во Романската православна црква.
Во Романија денес има над 20.000 свештеници кои земаат плата од државата.
Патријархот Даниел, кој раководи со црковната хиерархија, има плата слична на онаа на претседателот на Сенатот или на претседателот на Домот на пратеници. Од 1 јануари годинава, поглаварот добива месечна плата од околу 25.000 леи (речиси 5.100 евра).
Парите за платите на поповите во Романија доаѓаат од државниот буџет. Во 2023 година за претставниците на верските институции се наменети 817,3 милиони леи (166.533.170 евра). Тоа е за пет отсто повеќе од лани. Покрај тоа, верските храмови во Романија ќе добијат од државата 370,2 милиони леи (75,4 милиони евра) за одржување на местата за богослужба и 9,18 милиони леи (1,87 милиони евра) за плати на несвештеничките вработени лица во теолошките образовни институции.