Левоцентристичката Влада на Романија денеска го „преживеа“ гласањето недоверба во Парламентот, јави Аџерпрес.
Три опозициски партии поднесоа иницијатива за гласање недоверба на владата на Виорика Данчила, насловена „Доста! Владата Драгнеа-Данчила – срам за Романија!”.
Лидерот на владејачката Социјалдемократска партија Даниел Сучу рече дека гласањето за недоверба било поддржано од 161 пратеник, а за иницијативата за недоверба да успее, неопходни беа 233 гласа.