Вкупно десет лица загинаа и седуммина се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи во јужниот дел на Романија.

Романската служба за итни случаи соопшти дека се судриле камион и минибус, при што загинале и возачите на двете возила.

Локалната полиција отвори истрага за причината за судирот.

Светските агенции јавуваат дека причина за несреќата најверојатно е лошата патна инфраструктура во Романија.