Според новинарот и добар познавач на случувањата во европскиот фудбал, Фабрицио Романо, Абрамович ќе остане сопственик на Челзи.

Директорката Марина Грановскаја и Петр Чех ќе се справат со сите аспекти од работата на клубот, вклучително и потпишување на нови договори, трансфери и слично.

– Абрамович го предаде управувањето на Челзи на добротворна фондација со цел да го заштити клубот, неговото раководство, но и играчите, објави Романо.

Бизнисменот го купи Челзи во 2003 година за 140 милиони фунти. По неговото доаѓање „сините“ од Лондон освоија 21 трофеј.