Кристијано Роналдо на Мундијалот во Русија постигна хет-трик на воведниот меч на Португалија, но по се изгледа има и друга причини за задоволство.
Како што тврдат дел од португалските таблоиди, неговата вереничка Георгина Родригез повторно е бремена. Шпекулациите започнале откако Георгина на свеченост на Канарските острови била забележана со стомачето кое се отцртувало, па тоа било доволен повод за шпекулации.
Роналдо најави дека сака да има најмалку седум деца, а во моментов има четири. Три од сурогат мајки и една ќерка со Георгина.