Најдобриот играч на Јувентус, Кристијано Роналдо, по поразот од Милан во 31-то коло од италијанското првенство (2:4), истакна дека не треба да се очајува. „Старата дама“ загуби во Серија А за прв пат од почетокот на февруари.
– Ова не беше резултатот што го сакавме, но треба да ги кренеме главите и да продолжиме да работиме! – напиша Роналдо на Инстаграм.
Јувентус за прв пат по седум години прими четири гола на еден меч во Серија А. Претходно тоа се случи во октомври 2013 кога загуби од Фиорентина исто така со 4:2.