Кристијано Роналдо по поразот на неговиот Јувентус од Атлетико во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите (0:2) потсети на освоените трофеи во елитното натпреварување.
За време на натпреварот, навивачите на мадридскиот клуб извикуваа „Кристијано, плати данок“, а тој им покажа пет прсти, алудирајќи на бројот на трофеи во Лигата на шампионите.
Португалецот има титула европски шампион со Манчестер јунајтед во 2008 година и четири со Реал Мадрид – 2014, 2016, 2017 и 2018 година.
По натпреварот, Роналдо исто така го повтори овој гест пред новинарите и додаде:
-Пет пати сум ја освоил Лигата на шампионите, а Атлетико ниту еднаш!