Најдобриот фудбалер на Јувентус, Кристијано Роналдо побарал од менаџментот на клубот да го донесе во Торино играчот на Интер, Мауро Икарди.
Според „Ла газета дело спорт“ Португалецот во Икарди гледа најсоодветен партнер во нападот.
Наводно, Роналдо сметал дека Ромелу Лукаку, кој исто така е цел на Јувентус, помалку му одговара како партнер во нападот.
Останува да се види дали раководството на италијанскиот шампион ќе ја исполни желбата на Роналдо.