Директорката на американскиот Центар за контрола на болести, Рошел Валенски, во средата пренела алармантен став во врска со заштитата од „делта“ сојот на вакцинираните. Овааа нејзина изјава доаѓа во контекст на притисокот што во САД се врши за луѓето да примаат трета доза од вакцините, пред се од Фајзер која се смета за три пати послаба од Модерна. Ние сме надвор од таа расправа, но, за нас, е посебно битна последната реченица од нејзината изјава пренесена од Ројтерс, во која сами можете да се уверите:
„Новите податоци потврдуваат дека заштитата од вакцина против КОВИД-19 е намалена за варијантата „делта“ на вирусот, изјави директорката на Центарот за контрола и превенција на болести, Рошел Валенски.
Валенски, подготвувајќи терен за третата доза вакцини, рече дека студија од старечките домови покажува дека ефективноста на вакцината се намалила на 53 отсто со „делта“. Таа, исто така, забележа дека студија спроведена во Израел покажала зголемен ризик од тешки заболувања кај рано вакцинираните.“
Кај нас, министерот за здравство Венко Филипче, пред пред околу 24 часа даде една неверојатна изјава дека имунитетот од вакцините е трајниот. Малку пред тоа, истиот Филипче истакна дека вакциналниот имунитет е потраен од природниот, така што имате во една изјава дека вакциналниот имунитет е „потраен“, а потоа дека тоа е „трајниот“ имунитет. Најди му крјаот.
Тој информираше и за една препорака на Американскиот центар CDC која вели дека може да се прими вакцина после десет дена од направениот тест кај асимптоматски пациенти.
Значи, на едно место се повика на погоре цитираниот американски ЦДЦ и на трајноста на вакциналниот имунитет. Па, би можеле да кажеме дека Валенски, со изјавата што ја пренесе Ројтерс, го поздравува Филипче