Руското вселенско летало за снабдување „Прогрес МС-21“, кое се симна од Меѓународната вселенска станица (МВС) поради оштетување, денеска се запали по враќањето на Земјата и се урна во Тихиот Океан.
Руската вселенска корпорација Роскосмос денеска соопшти дека леталото ја напуштило орбитата и влегло во фаза на спуштање на Земјата, но при влегувањето во атмосферата се запалило и се урнало во океанот.
– Деловите од леталото кои не изгореа паднаа во изолиран дел од Тихиот Океан и потонаа, се вели во соопштението на корпорацијата објавено на Телеграм.
Шефот на Роскосмос претходно соопшти дека во изминатите неколку месеци се појавиле две аномалии на МВС.
– Аномалиите се нарушување на системот за термичка контрола на леталото „Сојуз-22“ и на бродот за снабдување „Прогрес-21“. Формирана е комисија за итни случаи. Резултатот од двете аномалии е ист, но нивните причини може да бидат различни, рече шефот на Роскосмос.