Горазд РОСОКЛИЈА

ГОЦЕ

Ако Делчев се борел за ослободување на Македонија и создавање автономна македонска држава, во што е неговото значење за Бугарија?

Ако не се борел за ослободување на Македонија и за автономна македонска држава, во што е неговото значење за Македонија?

Симон Боливар, Шпанец, го слават како ослободител и основоположник на нациите, 6 земји и 6 нации (Колумбија, Венецуела, Перу, Боливија, Еквадор, Панама), но не го слави Шпанија, а тој е Шпанец.

Осоновоположниците на САД (државата и нацијата) сите биле Британци. Нив не ги слави Обединетото кралство (Англија), ги слави САД.

Че Гевара е Аргентинец. Неговата личност и дело ги слави Куба, како и други земји во Јужна и Средна Америка, но не го слават во Аргентин.

Гоце е роден во географска Македонија, државјанин е на Отоманската империја, се бори за слободна и автономна Македонска држава.

Што е тоа што заеднички ќе го слават Македонија и Бугарија?

Неговата борба завршила со пораз, значи земјите не слават победа туку ја слават идејата, која идеја?

Територијално проширување на Бугарија?

Слободна македонска држава?

Секоја држава може да слави кого сака и како сака, но како можат две држави заеднички да слават една личност, ако нивните историчари зборуваат за спротивставени идеи?

Разговорот не треба да е меѓу политичари туку меѓу историчари. Врз основа на историски факти да дојдат до историска вистина за идејата која го водела Гоце и на која и го посветил и за која го дал животот.

Тогаш, или Македонија нема да го слави, или Бугарија, но заеднички нема што да славиме.