Поддршка за членството на Македонија и Албанија во ЕУ изрази денеска германскиот државен министер за европски прашања Михаел Рот по средбата во Атина со алтернативниот шеф на грчката дипломатија Милитиадис Варвициотис, јави дописничката на МИА од Атина.
– Двајцата го поддржуваме патот на Албанија и Македонија кон членство во ЕУ, што ќе ја направи Европската Унија и поголема и посилна, рече Рот по средбата со Варвициотис.
Германскиот министер изрази поддршка и за дијалогот на Грција со Турција, но и истакна дека се потребни „конструктивни и взаемно корисни односи меѓу ЕУ и Турција“.
Варвициотис и Рот, се задржаа и на европскиот дигитален Ковид сертификат за кој рекоа дека е алатка за безбедно патување во Европа.