Сопругата на премиерот, Христијан Мицкоски, Рози Мицкоска, денеска придружувана од градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски ја посети Клиниката за детски болести и со подароци ги израдува најмалите.

-За време на посетата, таа се сретна со нашите најмали пациенти и им подели подароци во пресрет на новогодишните празници, внесувајќи радост и насмевки во просториите на Клиниката, велат од Клиниката.
Директорот на Клиниката, спец. д-р Реџеп Мемеди, кој ги придружуваше гостите за време на посетата, ја изрази својата благодарност за поддршката и вниманието покажано кон децата и здравствениот персонал.











