Една третина од постојните 75 хидроелектрани во Македонија се во сопственост на вицепремиерот Кочо Анѓушев, пишува Радио Слободна Европа.
Првата мала хидроцентрала во земјава добила лиценца за работа пред 10 години и оттогаш досега се изградени и функционираат 75 мали хидроелектрани. Владата на последниот енергетски форум соопшти дека уште 35 се во градба, а 18 други чекаат за концесија.
– Според податоците од регистарот на Регулаторната комисија за енергетика за повластени производители на електрична енергија од малите хидроелектрани, како и од податоците од Централниот регистар, се гледа дека една третина од веќе постојните 75 хидроелектрани се во сопственост на вицепремиерот Кочо Анѓушев. На сајтот на фирмата Фероинвест, која е во сопственост на Анѓушев, пишува дека тие поседуваат 25 мали хидроелектрани, пишува РСЕ.