Во рускиот град Свободни во Амурската Област се урна мост над главната магистрална железница што ја поврзува Москва со Далечниот Исток.

Според руските медиуми едно лице е повредено при уривањето на мостот.

Во моментот на уривање, преку мостот поминувал камион, а возачот се  здобил со повеќе повреди, поради што е хоспитализиран.

Се претпоставува дека мостот паднал поради исклучително тешкиот товар што го превезувал камионот.

Локалните власти соопштија дека спасувачки екипи се на терен за да пружат неопходна помош, а во градот е воведена вонредна состојба.