Лидерите на Русија, Германија, Франција и на Турција нагласија важност од долготрајно примирје во Сирија и порачаа дека одборот за нов устав треба да се состане до крајот на годината.
Лидерите на четирите држави се собраа на самит во Истанбул за да расправаат за Сирија во која оваа недела се засилени судирите во последното упориште на бунтовниците. Анкара ги поддржува бунтовниците против претседателот Башар Асад, додека Москва е главен сојузник на Асад. Тие минатиот месец постигнаа договор со кој во севверозападната регион Идлиб се фомрираше демилитаризирана зона.
– Русија и Турција постигнаа договор што мора строго да се спроведе. За тоа се дадени гаранции…Ќе бидеме будни за да се обезбеди тие обврски да се задоволат и да биде примирјето стабилно и одрживо, нагласи францускиот претседтаел Емануел Макрон.
– Сметаме на Русија да врши многу јасен притисок врз режимот кој и должи за своето преживување, додаде тој.
Рускиот претседател Владимир Путин рече дека Турција ги исполнува своите обврски од договорот за Идлиб.
–Процесот не е лесен, но Москва и понатаму планира да соработува, додаде тој.
Макрон. Путин, турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган и германската канцеларка Ангела Меркел повикаа и на свикување на уставотворниот одбор до крајот на годината, пишува во заедничката изјава.
На мировната конференција за Сирија во јануари во Русија беше договорено основање 150-член одбор што ќе го измени сирискиот устав. Третина го избра владата, третина опозициски групи, а третина ОН.