Американскиот јавен обвинител Џеф Сешнс најави дека Министерството за правда против напаѓачот во синагога во Питсбург ќе подигне обвинение за злосторство од омраза и други злосторства што може да резултираат со смртна казна.

– Омразата и насилство врз верска основа, немаат место во нашето општество, рече Сешнс. Тој додаде дека сите тие злосторства се за осуда и во спротивnост со вредностите на американската нација.

Во нападот загинаа 11 луѓе и шестмина се ранети од кои четири се полицајци.

Напаѓачот Робет Бауерс (46) вчера упадна во синагога и отвори оган со повици „Сите Евреи мора да умрат“. Во синагогата во момент на нападот имало околу 100 луѓе.