Во германската покраина Хесен денеска се одржуваат избори за локалниот парламент. По изборите во Баварија,одржани пред две недели, тоа ќе биде втор тест за германската канцеларка Ангела Меркел.

Според анкетите поддршката за Христијанско демокатската унија на Ангела Меркел во Хесен е само 28 отсто (38 отсто во 2013 година), СДП и партијата Зелени имаат поддршка од 20 отсто додека Алтернатива за Гермнаија има 12 отсто поддршка.

Изборите во Хесен каде е финансиксиот центар Франкфурт ќе покажат дали владата на Меркел има иднина. Избирачките места се затвораат во 17 часот и првите резултати ќе бидат познати вечерва или утре наутро.