Извозот на Индија во Русија се намали за околу една третина меѓу април и јули, поради острите санкции од Западот наметнати кон Москва.
– Москва и Њу Делхи постигнаа договор да се оддалечат од доларите и еврата во меѓусебната трговија, изјави за РИА Новости, Замир Кабулов, висок функционер на руското Министерство за надворешни работи.
Иако двете земји одлучија да се префрлат на националните валути, целосна транзиција нема да биде можна додека не се решат преостанатите проблеми со трговскиот дисбаланс, објасни тој понатаму, пишува Раша тудеј (РТ).
– Индија се уште купува од нас пет пати повеќе отколку што продава. Специјалисти работат на тоа, бараат разумен компромис – рече дипломатот.
Русија и Индија успешно воспоставија механизам за меѓусебно порамнување во рубљи и рупии. Индиската влада минатиот месец дозволи националната валута да се користи во меѓународни трговски спогодби, во обид да го промовира извозот и да ја намали зависноста на рупијата од доларот.
Овој потег се смета и како поттик за зајакнување на трговијата со Москва.