Русија и Саудиска Арабија вршат притисок врз ОПЕК за значително да се зголеми производството на нафта во јули, за да се надомести недостигот на нафта на пазарот предизвикан од намаленото производство во Венецуела и Либија.
Сепак, Иран и други производители на нафта, се спротиставуваат на барањата на Русите и Саудијците.
– Побарувачката за нафта вообичаено забрзано расте во третиот квартал од годината. Можно е да се соочиме со недостиг доколку не ги преземеме потребните мерки, изјави рускиот министер за енергетика Александер Новак, кој, во име на Русија, побара зголемување на производството од страна на земјите на ОПЕК и нивните партнери за 1,5 милиони барели нафта дневно.