Русија и Украина извршија уште една размена на заробеници, потврди денеска руската комесарка за човекови права Татјана Москалкова.
Според неа, четворица вработени во Росатом и војници и се предадени на Русија.
– Синоќа имаше уште една размена на руски и украински заробеници. Меѓу нив беа четворица вработени во Росатом и наши храбри војници. Тие слетаа на руско тло рано утринава, објави Москалкова на социјалната мрежа Телеграм.