Русија испраќа два баталјона ракетни системи земја-воздух С-400 во Белорусија. Вооружувањето се испраќа во рамките на воените вежби што ќе се одржат следниот месец, соопшти руското Министерство за одбрана.
Британските медиуми пренесуваат дека Министерството за одбрана соопштува дека два баталјона С-400, што вообичаено вклучуваат осум против-воздушни ракетни системи, во моментов со воз се префрлаат во Белорусија од рускиот Далечен Исток
Официјална Москва најави дека во Белорусија ќе бидат распоредени и 12 борбени авиони „Су-35“ и еден ракетен систем „Панцир“.
Руските воени сили и опрема неделава почнаа да пристигнуваат во Белорусија за учество во воената вежба „Сојузничка одлучност“, што ќе се одржи во близина на западната граница на Белорусија со членките на НАТО – Полска и Литванија, и во близина на нејзиното јужно крило со Украина.