Репрезентацијата на Русија обезбеди финале на машкиот турнир на Олимпијадата во Токио, откако утрово го совлада фаворизираниот Бразил со 3:1.

Бразилците добро го отворија мечот и го добија првиот сет со 25:18, но потоа Русите стапија на сцена и ги добија следните три сета со 25:21, 26:24 и 25:23.

Противник на Русија во финале ќе биде победникот од дуелот Франција – Аргентина закажан за денес со почеток во 14 часот.