Македонска каратистката Пулексенија Јованоска го освои претпоследното место во својот дебитантски настап во кати на Олимписките игри.

Македонката ноќеска настапи во првата квалификациска група и освои 23.80 и 24 поени, односно оствари просек од 23.90, недоволно да се квалификува во следната рунда.

На крајот Јовановска беше последна, петта во својата група или вкупно деветта од десет натпреварувачки.

Од македонските претставници на Олимпијадата во Токио останува уште настапот на борачот Магомедгаджи Нуров во дисциплината слободен стил, 97 килограми. Нуров на борилиштето ќе се појави утре, 6 август.